Tuesday, Apr 23, 2024
HomeАНТИСТРЕСПатувањеЗошто патувањето во Шведска е поевтино од тоа што мислите?

Зошто патувањето во Шведска е поевтино од тоа што мислите?

Иако Шведска отсекогаш ја имала репутацијата на „скапа“ држава, таа одеднаш делува како одлична алтернатива. Еве и зошто:

1. На почетокот од оваа година, државната централна банка ја намали вредноста на каматната стапка за 0,1% и започна со печатење на пари, со што валутата го достигна своето најниско ниво во последните пет години.

Па така, цените на неопходните работи како што се храна и превоз останаа главно константни, а вредноста на круната продолжи да опаѓа. Тоа ја прави државата далеку поевтина за странските туристи.

2. Големината на Шведска се одразува и по големите градови, за чија посета е потребно доста време за да се стигне од еден до друг крај. Не грижете се, билетите за воз не се воопшто скапи.

scandinavian-overview-5

Резервирајте го вашето патување однапред и билетите за четиричасовниот пат помеѓу Стокхолм и Гетеборг чини нешто помалку од 195 круни. (100 круни = 10 евра)
Подолгорочните патувања со воз во Шведска нудат и бонус услуги, како бесплатен Интернет и услуги за храна. За пејзажот кој може да се проследи надвор од возот и не е потребен коментар.

3. Хотелите можат да бидат пикантно поскапи во однос на другите сместувања, но затоа постојат далеку позабавни алтернативи.

Ова е фотографија од елегантен пловидбен хостел во Централен Стокхолм. Постои и поранешен затвор кој се користи како хостел а се наоѓа на островот Långholmen и удобен ланец на соби, Абиско, кој се наоѓа во близина на Арктичкиот круг.
шведска14. Ако ви се допаѓа идејата да кампувате под ѕвездите, кајакарството во бистрите води и подготовката на оброк на отворено, погодете што? Кампувањето во дивина е сосема бесплатно.

И сосема за крај, воопшто нема да погрешите ако вашата следна туристичка дестинација биде некој од градовите на овој Скандинавски бисер. Летото во Шведска е далеку благопријатно за разлика од нашето тука.

Подготви: Тамара Стојкова