Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимЗошто јајцата се чест избор во здравата исхрана?

Зошто јајцата се чест избор во здравата исхрана?

Општо познато е дека скоро секој човек кој сака да се храни здраво конзумира  јајца.

Во продолжение поубаво ќе се запознаете со нивната вредност како и со некои карактеристики.

Физички карактеристики

Јајце е органска форма во која најпрво  почнува да се разбвива ембрионот од одредено животно. Јајцето најчесто има неправилна топчеста форма, со различна големина и боја на лушпата, во зависност од видот на живиот организам.

Според квалитетот се делат на свежи (класа А) и наменети за индустриска преработка (класа Б). Според тежината се делат на неколку категории:

-многу големи (над 73 гр.)

-големи (63-73 гр.)

-средни (53-63 гр.)

-мали (полесни од 53 гр.)

Извор на храна

Илјадници години наназад  јајцата се користат како храна од страна на човекот. Најпопуларни (во смисла на изборот) се јајцата од кокошки, патки но и кавијарот кој важи за едно од планетарно најскапите јадења. Денеска во модерната кујна може да ги најдеме во неколку форми – варени, пржени, како додаток во голем број рецепти но исто така се консумираат и сирови. Доколку јадете повеќе од едно на ден препорачливо е да ја одстраните жолчката.

eggs 3

Нутритивна вредност

Јајцата се полни со многу хранливи материи (витамини, протеини, масти) и даваат големи количества енергија.. Јајцето (генерално) содржи околу шест грама протеини и други важни хранливи состојки, но и 212 милиграми холестерол. Со оглед на тоа што се препорачува консумација на на 300 милиграми холестерол дневно, високата содржина на оваа состојка (која се наоѓа во жолчката) би спречило многу луѓе да јадат јајца. Но, треба да се истакне дека по едно јајце дневно нема драстично да ја зголеми содржината на холестерол во крвта и да ги зголеми нивоата на маснотии. Тоа е навистина добра вест, ако се знае дека јајцето содржи многу други важни хранливи материи како холин (есенцијален за добар вид), селен (неопходен за силен имунитет), витамин А (го поттикнува растот на клетките), витамин Е (антиоксиданс) и лутеин (кој го подобрува видот).

Протеините во јајцето главно се содржарт во белката, додека жолчаката ги содржи витамините А, Д и Е, масти и холестеролот.

Преработката и последиците од истата

Јајцата од типот Б (преработените) често знаат да изгубат голем дел од нивната нутритивна вредност. Најчестиот пример за тоа се хормоните кои ги примаат животните од кои се собираат. Тука вреди да се спомне и салмонелата – остро инфективно заболување, што е предизвикана од бактерии каде при распадот  се одделува ендотоксин кој го оштетува нервниот систем и внатрешните органи (белите дробови, црниот дроб, слезината, бубрезите и др.). Затоа добро проверете го изворот на јајцето пред да го изедете, и избегнувајте да јадете “живи” јајца посебно од типот Б.