Friday, Mar 29, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноЗошто го мразиме понеделник и како да го поднесете

Зошто го мразиме понеделник и како да го поднесете

Понеделник сигурно е најомразениот ден од неделата бидејќи завршува викендот и започнува секојдневната вообичаена рутина на одење на работа или на училиште. Главните причини за лошо чуство во понеделник е бидејќи според истражувањата голем број на луѓе ги мразат своите работни места и секој почеток на неделата е само потсетување дека треба повторно да се соочат со истите проблеми.

Mondays

Решението за овој проблем не е баш едноставен бидејќи тешко се наоѓа нова работа, а нема никакви гаранции дека таму ќе биде подобро. Затоа за подобро да се справите со работните понеделници е да го подобрите односот со колегите, ако тие се однесуваат како кретени, тоа не значи дека и вие треба да се однесувате идентично. Потоа пронајдете ја добрата страна на вашата професијата и работете за лична сатисфакција и подобрување на вештините, можеби новата прилика е многу поблиски отколку што се надевате.

Hate_mondays

Понеделникот е омразен бидејќи голем дел од годишните одмори завршуваат и од понеделник треба повторно да се вратите на обврските. Наместо со носталгија да се потсетувате на сите авантури и убави доживување добро би било таа енергија да ја искористите за враќање во реалноста, а мотив нека ви биде и тоа што не секој има можност некаде да отпатува, заглавен со истата монотонија.

Понеделник може да биде и убав ден за споделување на анегдоти, шеги, раскажување на случки од викендот. На овој начин ќе се расположите себеси и луѓето околу вас. За крај не треба да очајувате секој понеделник, бидејќи ве чекаат уште шест дена од неделата кои може да бидат подеднакво досадни, фрустрирачки и проблематични, затоа искористете го овој ден за убав почеток и најава на одлична седмица.