Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЗошто денешниот ден – Петок 13-ти се смета за баксузен?

Зошто денешниот ден – Петок 13-ти се смета за баксузен?

Според Грегоријанскиот календар, најголема е веројатноста дека 13-ти во месецот ќе се падне токму во петок, отколку во било кој друг ден во неделата.

Во период од 400 години, 13-ти паѓа во понеделник 685 пати, вторник 685 пати, среда 687, четврток 684, петок 688, сабота 684 и недела 687 пати.

Во Шпанија и Грција се верува дека вторник 13-ти е несреќен ден. Бројот 13 се смета за несреќен уште од древни времиња, додека петок како баксузен ден се смета уште од 14 век.

Четири од 12 филмови под наслов „Петок 13“ биле премиерно прикажани на петок 13-ти. Финските истражувачи во 2004 година тврделе дека не постои голема веројатност момчињата  да загинат на петок 13 -ти, отколку било кој друг петок, но дека девојките имаат за две третини поголема шанса да го изгубат животот во сообраќајна несреќа на петок 13-ти.

Доколку сте суеверни ви останува денеска да останете дома, да читате Позитив.мк и да не правите ништо што би ви била вообичаена дневна рутина.