Wednesday, Apr 24, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЗоран Џорлев одбележува 40 години на музичката сцена

Зоран Џорлев одбележува 40 години на музичката сцена

Името на Зоран Џорлев е познато на македонската јавност и на Македонците ширум светот. Од една страна како менаџер на светски познатиот национален ансамбл „Танец“, од друга страна, како прва македонска виолина и автор на незаборавните телевизиски емисии „Зора зори“, „Зајди, зајди“ и „По патот на песната“.

Својот јубилеј Зоран Џорлев планира да го прослави со повеќе настани во текот на 2017 година, како концерти од различен жанр и на различни локации низ Скопје и Македонија; издавање на ново ЦД со обработки на македонски забавни песни (како продолжение на ЦД-то со инструментална изведба „Не кажувај либе…“, кое до ден-денес е едно од најслушаните); издавање на ЦД со обработки на најпопуларните новогодишни композиции во нови атрактивни аранжмани; концерт во рамките на „Скопско лето“ со нови атрактивни аранжмани кои ќе бидат изведени премиерно; снимање видео спотови низ Република Македонија на композициите од ЦД-то „Гласот на виолината“ на разни атрактивни места; соработка и обработки на песни со атрактивни нови аранжмани, како што е соработката со Сашо Ливрински.