Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеЗонското паркирање во Скопје ќе се наплаќа по минути

Зонското паркирање во Скопје ќе се наплаќа по минути

Од оваа недела јавното претпријатие „Градски паркинг“ ќе ги прелепи таблите во зоните Ц и Д во целиот град и на нив ќе испише инструкции за зонско паркирање со наплата по минути, а не само за паркирање по час, како што се наплаќаше досега. Тоа значи дека доколку еден корисник сака да се паркира 15 минути или половина час во овие зони, во СМС­пораката ќе може тоа да го наведе, а така и ќе му се наплати.

По завршувањето на наведеното време, корисникот ќе биде информиран за крајот на паркирањето, исто така преку СМС­порака, при што ќе може да избере дали сака да го продолжи паркирањето или не. Директорот на „Градски паркинг“, Борче Јакимовски објасни дека 3. и 4. зона во моментов се зони без ограничувања ­кога еднаш ќе биде пуштена СМС­порака, системот на возачот му наплаќа по час, и тоа до 21 часот зимно време, односно до 23 часот летно време, до кога важи паркирањето.

Наплатата трае се додека возачот не пушти порака со „стоп“.Станува збор за Дебар Маало, реонот околу Транспортниот центар, Аеродром. Со наплатата по минути, на некој начин ќе се реши и непотребната наплата и трошоците што им се создаваат на граѓаните што забораваат да испратат СМС­порака со содржина „стоп“ по завршувањето на паркирањето, па системот им пресметува висока сума до вечерните часови, кога автоматски се исклучува.