HomeДЕНЕШНАПолитикаЗНМ: Вељаноски го контролира протокот на информации од Собранието

ЗНМ: Вељаноски го контролира протокот на информации од Собранието

Со забраната на телевизиите да вршат директен пренос од седниците и од комисиите на Собранието, се контролира протекот на информации и тие селективно се пренесуваат до јавноста, велат од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

– Сметаме дека намерата на спикерот на Собранието е да го контролира протекот на информациите и селективно да ги пренесува до јавноста. Расправите што ѝ одговараат на власта ќе се пренесуваат во живо, а другите ќе се емитуваат во доцните вечерни часови. Собранието како претставничко тело на граѓаните треба да биде пример за транспарентност. Ако седниците на Собранието и на комисиите се јавни, тогаш нема никаква причина тие да не можат да се пренесуваат во живо. Ако може Собранискиот канал во живо да ги пренесува седниците, тогаш зошто не би можеле и другите медиуми. Правото за примање и за пренесување на информации може да се ограничи само ако со тоа за заштитуваат легитимни интереси. Нејасно е какви интереси штитеше Собранието кога одлучи да не им дозволи пренос во живо на колегите од „Нова ТВ“ – велат од ЗНМ.

Од здружението потсетуваат и на случајот на 24 декември 2012 година, кога новинарите беа насила избркани од собраниската галерија, а собранискиот канал ги исклучи камерите.

– Нема унифицирана практика во европските земји за начинот на пренесување на седниците на Собранието и на работните тела. Кај нас во ниту еден закон или деловник стриктно не се забранува стримингот од седниците на Собранието и на комисиите, а во такви ситуации, сè што не е забрането со Устав и со закон е дозволено. Власта сака да има монопол на вистина и да одлучува кои расправи од Собрание јавноста ќе може да ги следи во живо, а кои не – велат од ЗНМ.

Изминатава недела на „Нова ТВ“ и на радио „Слободна Европа“ не им беше дозволено да вршат пренос во живо од седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Мета

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com