Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗНМ: „Тврдењето на менаџментот на Телма за укинувањето на работните места е неубедливо“

ЗНМ: „Тврдењето на менаџментот на Телма за укинувањето на работните места е неубедливо“

По вчерашните информации дека телевизија Телма прогласила 12 новинари за технолошки вишок и притоа излезе со свој став дека укинувањето на работните места се прави заради лошата економска состојба, денеска со соопштение излезе и Здружението на новинари на Македонија во кое се изразува голема загриженост за последните случувања во телевизија Телма. Од таму во соопштението се вели:

„Тврдењата на менаџментот на телевизијата дека укинувањето на работни места се прави поради лошата економска состојба на компанијата се неуверливи. Компанија која има проблем со загуби и превработеност не вработува нови новинари, а потоа ги отпушта оние кои претходно по десетина години работеле таму. Дополнително, нејасно е кои биле критериуми по кои се водел менаџментот кога ги укинувал работните места. Уценувањето на новинарите да прифатат намалување на платите ако сакаат да останат на работа е мобинг, кој се казнува со закон. Поради тоа сметаме дека последните случувањата во „Телма“ се смислена стратегија на менаџментот да ја исчисти информативната редакција од искусни и критички новинари“, се вели во соопштението на ЗНМ.

„Намерата на сопствениците на медиумите и на новите уредништва, е да ги обезличат и да ги онеспособат медиумите да ги истражуваат сериозно злоупотребите на власта. Убедени сме дека бркањето од работа на искусни и професионални новинари ќе ја осиромашува медиумската содржина и медиумскиот плурализам. Затоа, го повикуваме менаџментот на „Телма“ да се откаже од намерата за бркање или намалување на плати на новинари и да бара други решенија за евентуалните проблеми на компанијата“, стои во соопштението на ЗНМ.