Friday, Aug 14, 2020
HomeUncategorizedЗНМ со претставка до МВР за приведувањето на новинари

ЗНМ со претставка до МВР за приведувањето на новинари

Здружението на новинари на Македонија завчера испратило претставка до Одделот за внатрешна контрола при МВР за приведувањето на новинарите Махмути и Ука, кои минатата недела беа задржани неколку часа во полициската станица „Кисела вода“, поради наводно снимање на судскиот совет за време на изрекување на пресудата за случајот „Диво Насеље“.

Во претставката ЗНМ бара објаснување од полицијата за причините и основот за 6-часовното задржување на новинарите Махмути и Ука.

Освен тоа, ЗНМ бара полицијата да спроведе истрага за овој случај и доколку се утврди пречекорување на овластувањата на полициските службеници да се покренат соодветни дисциплински мерки.

Здружението очекува МВР брзо да ја разгледа претставката и ќе не известат за резултатите од истрага.