Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗНМ: СЈО да го преземе случајот на новинарот Божиновски

ЗНМ: СЈО да го преземе случајот на новинарот Божиновски

Претставници на Здружението на новинарите на Македонија денеска во Специјалното јавно обвинителство имаа средба со обвинителката Катица Јанева и нејзините соработници.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани ја информираше обвинителката Јанева за случајот на новинарот Зоран Божиновски, кој два месеца е во притвор затоа што Јавното обвинителство го осомничи за разни кривични дела. Божиновски во април беше екстрадиран од Србија и до сега против него нема формално обвинение, вели ЗНМ.

Селмани побара од Јанева да го преземе одвоениот предмет на новинарот Божиновски од обвинителството за организиран криминал, поради неговата поврзаност со предметот „Шпион“, врз кој СЈО веќе има воспоставено надлежност. Правниот застапник на Божиновски веќе достави и формално барање до СЈО за преземање на случајот.