Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамЗнаете ли кој е најпопуларниот автомобил на светот?

Знаете ли кој е најпопуларниот автомобил на светот?

Листите за продажба на автомобили во светот се појавуваат периодично, а во основата им е статистиката од остварувањата на компаниите. Рангирањето се прави релативно лесно. Далеку потешко е да се одговори на прашањето – Кој всушност е бестселер на бестселери?

Во пресрет на лансирањето на новата 12-та генерација на Toyota Corolla, повторно ова прашање кое повеќе децении се поставува пред секое ланисрање на најпродаваниот модел на сите времиња. Многумина сметаат дека она што е најпродавано секако мора да биде и најпопуларно. Статистиката е очигледно во корист на Toyota, која ја понуди првата Corolla уште во 1966 година, а на пазарот веќе 11-тата генерација на моделот. Токму тоа, според некои експерти, треба да биде главен аргумент во одредувањето на популарноста на возилата.

corolla

На прв поглед изгледа дека и листата за најпопуларен автомобил на сите времиња не би требало да претставува тешкотија, ако имате при рака соодветната статистика. Тоа покажува дека Toyota Corolla за целиот циклус на понуда е продадена во над 40 милиони единици. Само за 2015 година резултатот на моделот 1.329.024 продажби од целиот свет, што ја прави Corolla апсолутен лидер. Моделот беше сосема близу до сопствениот рекорд од 2005 година, кога забележа над 1.360.000 продадени примероци на пазарите. Автомобилот на Јапонците е убедлив лидер по популарност во светски рамки и постојано ја зголемува предноста пред конкурентите. Главните од нив се Ford F, кој за целата своја историја продал 35 милиони примероци и Volkswagen Golf кој е мошне близу до оваа граница. Првата Corolla е со 1,1-литарски мотор со 60 КЅ и е далеку од техничкото ремек дело на Јапонците од 11-тата генерација. Значи има сериозна логика во зборовите на оние кои тврдат дека тоа се сосема различни автомобили, а не истиот модел. И ако поделиме 40 милиони на 11 се добива резултат од 3,5 милиони за секоја една генерација – резултат кој голем број на други автомобили би го сонувале.

Но, никако не треба да се заборави дека во историјата на автомобилската има вистински икони кои децении на ред се нуделе без радикални промени во конструкцијата. Еден од нив е Beetle на Volkswagen, чие производство започна во 1940 година и завршува во 2003. И покрај тоа што за овој период германскиот автомобил еволуирал технички, сличностите меѓу првите и последните серии се повеќе отколку разликите. Од Beetle се продадени над 21 милиони примероци, а резултатот од 1,3 милиони годишно е постигнат уште во почетокот на 70-тите, односно 30 години пред Corolla. Ова покажува дека и моделот на Volkswagen спокојно може да ја понесе титулата „Најпопуларен автомобил“.

Не треба сепак да пропуштиме и уште една култна машина – Ford-T. За 20 години машината која ја мобилизира Америка во просек се продала по 750.000 возила годишно. Ова е постигнато во периодот 1908-1928 година, кога голем дел од луѓето не ни помислиле дека можат да поседуваат личен автомобил. Непосредно пред 100 години во светот имало повеќе Ford Model T од сите останати автомобили вкупно. Токму така, во 1916 година, 55% од светскиот флота се состои од американскиот модел. Сличен резултат нема да биде постигнат повторно, па детето на Хенри Форд сигурно спаѓа во тројката на најпопуларните машини за сите времиња. Иконата заслужено беше прогласена за модел на векот!

Извор: Автоплус.мк