HomeДЕНЕШНАСветЗначително голем број Австралијци се против доселување на мигрантите-муслимани на нивна територија

Значително голем број Австралијци се против доселување на мигрантите-муслимани на нивна територија

Речиси половина од Австралијците ја поддржуваат идејата за воведување на забрана за прием на мигранти муслимани во Австралија, а значително помал процент се против ваквта мерка, покажуваат резултаите од анкетата на социолошкиот центар „Исеншан“ објавени денеска.

Како што јави ДПА, според оваа анкета, 49 проценти од анкетираните Австралијци се согласуваат со ставот дека Австралија не би требала да дозволи доселување на муслимани на нејзината териотија, а 40 отсто се против таа идеја.

Негативен став кон приемот на муслиманските мигранти имаат 60 отсто од гласачите на владејачката конезрвативна Либерално-национална коалиција и 40 проценти од поддржувачите на опозициската Лабуристичка партија. Со овој став се согласуваат само 34 отсто од гласачите на третата по големина политичка сила во Австралија, Зелената партија.

Од оние кои ја поддржуваат забраната, 41 отсто сметаат дека муслиманските мигранти не се интегрираат во австралиското општество, 27 проценти дека претставуваат потенцијална терористичка закана, а 22 отсто оценуваат дека муслиманите не ги споделуваат нивните вредности.

Анкетата била спроведена на почетокот на август со учество на 1.000 лица.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com