Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЗлатните славејчиња ја посетија Вива

Златните славејчиња ја посетија Вива

Златните славејчиња ги посетија своите пријатели во фабриката Вивакс, најголемиот производител на сокови во Македонија, под брендот Вива. Долгогодишното другарување и соработка, овој пат, беше во форма на едукативна прошетка низ погоните за производство на Вива соковите, при што Златните славејчиња се запознаа со процесот на производство на нивните омилени сокови.Zlatno Slavejce_Viva 2Компанијата Вивакс е традиционален спонзор на најголемата и најзабавната детска манифестација кај нас, а токму Славејчињата се тие што ја имаат отпеано и химната на Вива, која за кусо време стана препознатлива песничка меѓу најмладите.