Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЗлатните славејчиња и Вива ги расположија дечињата од Тетово и Гостивар

Златните славејчиња и Вива ги расположија дечињата од Тетово и Гостивар

Дечињата од Гостивар и Тетово имаа можност во изминатите денови да се забавуваат со караванот на Вива и учесниците на фестивалот Златно Славејче за голема веселба со музика и песни. Заедно со Златните славејчиња имаше голема забава со детски песни и игри, а истовремено се учеше и за значењето на здравата исхрана.

Одличниот спој на најстариот детски фестивал со најдобрите македонски сокови покажуваат дека може да се направи многу повеќе за здравјето и навиките кај децата само тогаш кога ќе се пронајде вистинскиот начин како тие да се вклучат во целиот едукативен процес. Во продолжение погледнете го и краткото видео од забавата во Тетово.