HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиЗлатните глобуси тотално ги промашија ТВ наградите

Златните глобуси тотално ги промашија ТВ наградите

Додека сите ќе се сложат дека Леонардо ди Каприо, Кејт Винслент, Бри Олсон и Силвестер Сталоне сосема заслужено ги добија главните актерски награди, а The Revenant и The Martian филмските награди, тогаш за ТВ наградите има најголем бунт на социјалните мрежи против странскиот печат во Холивуд кој ги доделува Златните глобуси.mr-robot-golden-globesГлавното изненадување на вечерта беше победата на новата серија Mr.Robot и тоа во категоријата најдобра драма што е прилично чудно бидејќи се емитува само првата сезона. Зачудува и фактот што Кристијан Слејтер доби статуетка за споредна улога во истата серија со што секако, направи голем камбек во актерските води но, сите ќе се сложат дека имаше далеку подобри перформанси оваа година. Третото разочарување поврзано со Mr.Robot е што главниот актер Рами Малек не доби апсолутно никаква награда, а токму тој ја имаше најдобрата улога на младиот хакер со поделена личност.mozart-in-the-jungle-golden-globes-2016Освен во категоријата драма големи изненадувања понуди и забавната категорија која ја делат комедиите и мјизиклите. На сите се уште не им е јасно како серијата „Моцарт во џунглата“ успеа да победи со слаба гледаност, без голем број на фанови и активности на социјалните мрежи, а награден е и главниот актер Гаел Гарсија Бернал за кој речиси и да немаше никакви информации дека воопшто е дел од серијата. Едно од објаснувањата е дека ова е единствената квалитетна музичка серија годинава, па категоријата мора да се оправда.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com