Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗлатков потврден за директор, денес стартува исплатата на субвенциите

Златков потврден за директор, денес стартува исплатата на субвенциите

Земјоделците може да здивнат бидејќи конечно ќе добијат исплата на субвенциите кои ги очекуваат иако овој процес е прилични законски искомплициран поради тоа што сеуште не е формирана нова влада.
Игор Златков и официјално е новиот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Златков за Телевизија 24 потврди дека  го положил испитот по англиски јазик и го добил сертификатот за познавање на англиски јазик што беше кочница за депонирање на неговиот потпис во Централниот регистар и за исплата на субвенциите.
Тој уверува дека веќе се потпишуваат списоците, и исплатата на субвенциите ќе започне веднаш.
„Потписот го депонирав во петокот и го добив сертификатот, се потпишуваат решенијата за исплата на субвенциите и од утре почнува првата ипслата. Прво ќе се исплаќаат заостанатите субвенции од 2015, а потоа за 2016. Планирано е за почеток да се исплаќаат субвенции за млеко, жито и градинарство“ – вели Игор Златков, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
Со информацијата дека ќе се исплаќаат субвенции од 2015 година, земјоделците велат дека актуелната влада признала дека субвенциите за 2015 година не се целосно исплатени. Велат дека последиците од стопирањето на иплатата врз земјоделското производство допрва ќе се пресметуваат.
„Субвенциите три месеци не се исплаќаат  и тоа откако се завршени изборите и претходно пет месеци нема никаква исплата“ – вели Трајан Димовски од „Рурална коалиција“.
„Ќе биде хаотично за луѓето кои ја подготвуваат почвата за семнскиот и насаден матерјал и сите резерви се исцрпени и ќе има поголема сиромаштија„ – вели Весна јаневска, земјоделец од Росоман.
Исплатата на субвенциите е стопирана шест месеци, оти се чека формирање на нова влада. Пред две недели антикорупциската комисија даде позитивно мислење дека исплатата може да продолжи. Но во меѓувреме исплатата се одолговлечи поради директорските смени во Платежната агенција која менаџира со исплатата на субвенциите. Државата им ги должи на земјоделците дел од субвенциите за 2015 година и речиси сите за 2016 година.