HomeДЕНЕШНАПолитикаЗлатко Ориѓански му откри на Илија Димовски зошто ќе излезе на маршот на 11 октомври

Златко Ориѓански му откри на Илија Димовски зошто ќе излезе на маршот на 11 октомври

Музичарот Златко Ориѓански ќе биде дел од опозицискиот марш закажан за 11 октомври, денот на македонското анти-фашистичко востание, на кој дел ќе бидат голем број на уметници, новинари, актери, писатели, но и активисти и политичари. Сепак, Ориѓански реши да го објасни својот избор кон пратеникот Илија Димовски и сите критичари.

sdsm-mars

„Зошто и за кого? Заради мојот покоен татко Дојчин и мајка ми Славка, чесни, обични работници, бескрајно верни на оваа земја, дојдени од демирхисарско во Скопје, заради Вања Лазарова и нејзиниот маж Душко, исто такви, обични чесни луѓе и заради себе. Но пред да излезам, те повикувам, заедно да појдеме во банките и да видиме кој од нас двајца, колку и заради што заработил изминативе 10 години. Да видиме која беше состојбата на твојата сметка пред да станеш пратеник, каква е денес. Да видиме каков имот има Златко Ориѓански кој цел живот работеше две работи, трети смени и музика и со што Илија Димовски располага. Податоците, јавно ќе ги објавиме, бива? Те чекам Илија Димовски, бујрум“, напиша Ориѓански на неговиот профил на Facebook.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com