Wednesday, Apr 24, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЗлатан одби профитабилен договор, бидејќи е повреден!

Златан одби профитабилен договор, бидејќи е повреден!

Златан Ибрахимовиќ одби нов едногодишен договор од Манчестер Јунајтед, бидејќи не знае дали ќе биде подготвен за следната сезона.

Шведскиот фудбалер минатата недела се здоби со сериозна повреда и се соочува со долга пауза, но од клубот не се грижат за тоа, тие сакат да ги задржат своите најголеми ѕвезди.

Сепак, Златан постапи џентлменски и одби 15 милиони евра, кои би ги заработил во текот на следната сезона, без оглед на неговата здравствена состојба.

Ибрахимовиќ не сака ништо да му биде поклонето, според информациите од британските медиуми тој сака да добива плата, само ако е здрав и подготвен да му помогне на тимот.