Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЗлатан Ибрахимовиќ: Иднината е напишана, а одлуката е донесена

Златан Ибрахимовиќ: Иднината е напишана, а одлуката е донесена

Златан Ибрахимовиќ, еден од најдобрите центрафори во светот, вели дека веќе ја донел одлуката околу својата иднина и дека знае за кој клуб ќе настапува следната сезона. На Ибрахимовиќ за неколку дена му истекува договорот со Парис Сен Жермен, а медиумите речиси цела година шпекулираа околу неговата следна дестинација. Со се поизвесното пристигнување на Мурињо на Олд Трафорд, се пишуваше дека Златан заедно со „специјалниот“ ќе пристигне во Јунајтед.

„Ми недостасува работата со Мурињо уште од денот кога заминав од Интер. Тој е тип на тренер со кој е одлично да се соработува. Но, иднината е веќе напишана. Одлуката е донесена, не ми е важно дали се ќе биде готово пред Европското првенство. Истовремено, уживам во она што ќе го напишете. Многу е забавно“, изјави Ибрахимовиќ.