Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеЖителите на Тафталиџе засега спречија градење во паркот

Жителите на Тафталиџе засега спречија градење во паркот

Граѓаните на општина Карпош пред две недели се кренаа на протест против изградбата на станбен комплекс на Улица Букурешка.

Денес, околу 8 часот изутрина, работници со механизација пристигнаа на теренот каде Акционерското друшво за станбен и деловен простор планира да издигне петкатница. Иако ги извадија лопатите со цел да започнат со копање на земјиштето, тие беа спречени од граѓаните кои живеат во околните згради.

На локацијата дојде и полиција, но револтираните жители дадоа до знаење дека се против идејата за подигнување зграда врз зеленилото.

Како што соопштуваат граѓани на Тафталиџе градежниците се повлекле и нема да можат да градат се додека не добијат дозвола од судот, а тие ќе превземат се  што може да се сочува овој парк.

Велат дека покренале и иницијатива против изградбата во паркот.