HomeДЕНЕШНАРегионЦипрас направи реконструкција на Владата – зошто прави ротација на функционерите?

Ципрас направи реконструкција на Владата – зошто прави ротација на функционерите?

cipras

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, во петок вечер изведе ограничена реконструкција на својата влада за да ги задоволи барањата на странските фактори и да го зголеми рејтингот дом, каде, според анкетите, му опаѓа поддршката по една година на власт.

Министер за финансии останува Еуклид Цакалотос, како главен преговарач во ЕУ и ММФ, а остануваат и министрите за надворешни Микос Коѕијас и за одбрана Панос Каменос.

Додека доверителите на Грција бараат да се забрза продажбата на државниот имот на приватни инвеститори, Ципрас во Владата го воведе поранешниот шеф на грчката агенција за приватизација, како секретар за земјоделство, Стергиос Пициорлас.

На мета на јавноста поради непопуларната реформа на пензискиот систем која ја изведе пролетта Јоргос Катругалос, премина од местото министер за труд на помошен министер за европски работи. Неговото место го зазеде неговата блиска соработничка Ефи Ахциоглу, која ќе преговара со доверителите за реформи на пазарот на труд.

Од неколку нови лица во обновениот тим, левичарскиот економист Димитрис Пападимитриу е од министерството за економија наследник на Јоргос Статакис на кој му е доделено портфолиото за екологија и енергетика. Многу критикуваниот поради приватизацијата министер Панајотис Скурлетис премина на местото министер за внатрешни работи.

Големи губитник во реконструкцијата е Никос Филис, еден од старите функционери на владејачката радикално левичарска Сириза, кој го изгуби местото на министер за образование и верски прашања откако се судри со влијателната православна црква.

Јанис Музалас, кој со месеци е на фронтот на првата линија на бегалскиот бран го подигна својот ранг и дојде на чело на Министерството за миграциска политика, со што од таа област се иззема критикуваното Министерство за внатрешни работи.

Десната рака на Ципрас, поранешниот државен министер Никос Папас доби ново Министерство за дигитална политика и медиуми, покрај тоа што грчкото правосудство минатите денови ја поништи реформата на аудиовизуелниот сектор за кој беше лично тој надлежен.

Медиумите шпекулираа за можно отворање кон социјалдемократски личности или подмладување на тимот, но изгледа преовлада потребата на Ципрас да одржи рамнотежа внатре во својата партија и баланс со својот коалициски партнер партијата на националистичката десница АНЕЛ.

Главната опозициска партија, контроверзната Нова демократија, веднаш ја исмеа реконструкцијата на владата, нарекувајќи ја „редизајн-рециклажа“.

На власт од октомври 2015 година, тимот во заминување ја изгуби популарноста затоа што мораше да спроведува политики на штедење, кои му ги наметнаа странските кредитори. СИРИЗА на неодамнешните анкети заостанува за 5 до 10 отсто зад Нова демократија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com