HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЗимска трансфер „бомба“ Фабрегас го менува клубот, но не и градот?!

Зимска трансфер „бомба“ Фабрегас го менува клубот, но не и градот?!

Шпанецот би можел да носи дрес на трет различен клуб од Лондон. Како што пренесуваат англиските медиуми, Сеск Фабрегас се наоѓа на мета на Вест Хем, кој веќе во јануари ќе се обиде да го убеди да премине во нивните редови. Фабрегас е на мета на критичарите, не игра на претпознатливото ниво, а кај Антонио Конте дури во дербито со Арсеналза прв пат беше во почетниот состав, но беше заменет веќе на стартот од вториот дел.

Тоа сака да го искористи Славен Билиќ и да се обиде да го убеди уште на зима да го замени Челси со Вест Хем каде исто така не е се во ред, бидејќи во досегашните пет кола има забележано само една победа. Инаку, не треба да се заборави дека Вест Хем и Челси се големи ривали, а Фабрегас веќе не е омилен меѓу навивачите на Арсенал поради тоа што го прекрши ветувањето и го облече плавиот дрес.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com