Sunday, Dec 8, 2019
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗиков се повлече од МЕПСО – не можел да ги трпи критиките на јавноста

Зиков се повлече од МЕПСО – не можел да ги трпи критиките на јавноста

Ljupco-Zikov-int-2014-740x320-top

Љупчо Зиков, познатиот новинар и сопственик на неделникот „Капитал“ кој пред неколку дена беше именуван за директор за финансии на МЕПСО, преку својот Фејсбук профил информираше дека поради притисок и негативни коментари се откажал од новата функција.

„До сите душегрижници и лоши луѓе кои деновиве ревносно, како кутрето Рекс што го бранеше Тито на Сутјеска од бомбите на фасистичкиот окупатор, се нафрлија со своето тело врз Владата и еуфорично ја бранеја државата од мене (поради изборот во мепсо). Сакам “да им ја дигнам високо раката и да кажам дека победија …” Победија “слепите мишеви”. Ете денес ја вратив поканата од таму од каде што дојде … Да се каже најлошото за мене и моето семејство деновиве не се бираа зборови. Јавноста ја лажеа брутално. Многу пизма и зли мисли. Хипокризија. Инбоксот мој полн со клетви и конкретни закани… Се измислуваа разни проблеми и причини… Премногу е. Не вреди тоа толку, пишува Зиков.

-Потполно сум свесен дека цената што се плаќа при прифаќање на ваква функција е висока! Јас бев решен да ја плаќам континуирано низ месеците и годините нанапред, силно посветен на остварување на визијата и мисијата на компанијата и владата со целото мое знаење, посветеност и професионалност. Исто така како што го градевме Капитал и уште четири други мои фирми во минатите 18 (осумнаесет) години. Меѓу кои едукациски центар Концепт за бизнис образование и други фирми… Но, не можам таа цена да ја плаќам уште не влезен во зградата на мепсо. Тоа едноставно не е фер. Затоа “идемо далје” … светот нити почнал нити ќе заврши со мепсо 🙂 Еве го местото е слободно ајде колете се да го земете :)) Им благодарам на сите мои пријатели кои честитаа на изборот и цврсто застанаа зад мојата прва одлука … Им благодарам и на оние кои се истрчаа да хејтаат и да ми се посерат на главата, па си го покажаа своето вистинско жално лице … Ним средниот прст! “, напиша Зиков.