Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗијадин Села побара Македонија да биде една изборна единица

Зијадин Села побара Македонија да биде една изборна единица

Зијадин Села побара Македонија да биде една изборна единица и да се избираат пратеници по пропорционалниот модел.
претседателот на Движењето за реформи на ДПА истакна дека сега е моментот да се исправи неправдата со големата разлика на гласови во шесте изборни единици.

– Сега, кога се актуелни измените во законот за избори, треба да се размисли да се промени изборниот модел и да се укинат изборните единици, односно да има само една изборна единица. Само на овој начин тежината на гласот во Тетово, Битола, Струмица и во Струга би бил ист. На народот во Македонија му треба слобода да избира. Затоа треба да се воведе пропорционален модел со отворени листи, така што граѓаните ќе можат слободно да избираат, без да се наметнуваат лидерите на партите или некои повисоки функционери во изборните листи – изјави Села.