Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЗидан го доведува својот сонародник од Премиер лигата?

Зидан го доведува својот сонародник од Премиер лигата?

Реал Мадрид наскоро би можел да се засили со везниот фудбалер на репрезентацијата на Франција. Се чини дека од трасферот на Пол Погба во Реал Мадрид нема да има ништо, па Зидан се сврте кон својот друг сонародник од редовите на Лестер Сити. Се споменуваше и порано, но сега шепкулациите стануваат се поголеми дека Реал Мадрид е заинтересиран за Н’Голо Канте.

Како што пренесува шпанскиот лист „Марка“ Реал Мадрид покажал сериозен интерес за Канте, па Французинот во скоро време би можел да го облече дресот на „кралскиот клуб“. Зидан посакува уште еден везен фудбалер кој е квалитетен во дефанзивните задачи, како Каземиро од кого францускиот стратег е многу здоволен, па така вниманието го свртел кон везниот фудбалер на Франција и шампионот Лестер.

Канте беше еден од најдобрите фудбалер не само на Лестер туку и воопшто во Премиер лигата во сезоната која е зад нас, па интересот за неговите услуги е се поголем. ПСЖ би можел да биде сериозен противкандидат. Канте моментално се наоѓа на Европското првенство во својата татковина, четвртфиналната средба од турнирот против најголемото изненадување Исланд, која е закажана за трети јули, ќе ја пропушти против парни картони.

Канте