Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеЖичницата на Водно наредната недела во прекин

Жичницата на Водно наредната недела во прекин

Поради редовно сервисирање, жичницата на Водно нема да работи во периодот од 13 до 17 јуни, јавуваат од ЈСП „Скопје“.

– Следната недела ќе се врши редовно годишно сервисирање на жичницата, што значи контрола на целокупниот систем. Ќе менуваат масла на редуктор и филтрирање, ќе се менуваат и филтрираат масла на системот за кочење и помошниот погон, на системот за затегнување, ќе се менуваат гумени облоги на металните тркала на почетната и последната станица и по столбовите, и ќе се проверуваат четкичките на главниот мотор – објаснија од ЈСП „Скопје“.

По извршените контроли на 18 јуни жичницата ќе се активира и ќе биде достапна за сите корисници.

Жичницата веќе работи според летното работно време, од 10 до 19:30 часот.