HomeФЕР ПЛЕЈРакометЖРК Вардар се раздели од Кастратовиќ

ЖРК Вардар се раздели од Кастратовиќ

По лошиот настап на ЖРК Вардар во првото коло од Лигата на шампионите, челниците на македонскиот ракометен шампион одлучија да ја прекинат соработката со тренерот Индира Кастратовиќ, кој беше на клупата од самиот почеток на овој проект.

Кој ќе ја замени Кастратовиќ на клупата ќе биде познато деновиве, а клубот дополнително ќе објави детали околу идните чекори за ангажирање на тренер. Досегашниот помошник Аце Станковски останува дел од стручниот штаб и во иднина.

Индира Кастратовиќ со екипата 4 пати по ред беше првак на Македонија и трипати го освојуваше Купот на Македонија. Три пати играше на завршниот Ф4 турнир во ЛШ, и го освојуваше третото место.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com