Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеЖивотот мириса на ванила, има вкус на чоколадо

Животот мириса на ванила, има вкус на чоколадо

 

На улицата на јапонските цреши се отвори ново место во кое ќе можат да уживаат скопските „кафеџии“ и „сладоледџии“. „Радост“ е новото урбано место во центарот на градот за вистинско утринско расонување со добро италијанско кафе и сладолед со над 30 нијанси на неодоливи додатоци. Животот мириса на ванила и има вкус на чоколадо на „Максим Горки“ 21. Направете му услуга на кафето и додадете сладолед за вистинско задоволство

coffee 1 T. За авантуристите ,,Рдост” нуди  комплетно различни вкусови кои ќе ви го заскокоткаат јазикот и изострат вкусот. Уживајте во вашиот омилен мирис на кафе во пар со сладолед, ладно освежување кое ќе ви го разубави денот. Од утро па до мрак може да уживате во најубавиот евергрин кога е сладоледот во прашање. Искусните ја знаат класичната комбинација која секогаш освојува. Патот до целта е обоен од 2 вкуса кои ги отвораат сите сетила. Чоколадо или ванила, за рандеву во ,,Радост”