Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЖиво: Протестите во Србија стануваат се помасовни

Живо: Протестите во Србија стануваат се помасовни

Се поголем број студенти се појавија на протестот против Вучиќ. Протестите добиваат масовност. Полицискиот и воениот синдикат, како и обични граѓани се појавија пред Владата во знак на револт. Тие го обвинуваат Александар Вучиќ за кражба на гласови. Речиси целото централно подрачје на српската престолнина е блокирано. Граѓани има пред Владата, пред Собранието и на сите улици кои ги поврзуваат. Демонстрантите велат дека нема да се откажат од протестите додека не се одржат нови фер и демократски избори.