HomeДЕНЕШНАПолитикаЖивко Митревски со тужба против Ременски, министерката ќе бара одговорност за рушењето на концептот на синдикатот

Живко Митревски со тужба против Ременски, министерката ќе бара одговорност за рушењето на концептот на синдикатот

zivko-mitrevski

Сојузот на синдикати на Македонија поднесе кривична пријава за министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски. Претседателот на ССМ, Живко Митревски, ја обвинува Ременски дека барањето за негова смена од претседателското место, било донесено со фалсификуван документ. Освен за Ременски, кривични пријави има и за уште пет лица, за кои Митревски рече дека учествувале во „заговорот”.

Митревски тврди дека Ременски заедно со претседателите на четири грански синдикати одржале седница на Советот на ССМ, за која не биле информирани претседателите на останатите 13 грански синдикати, а на која иницирале негово отповикување.

– Техничката министерка Фросина Ташевска-Ременски во координација со четири претседатели на гранкови синдикати направи обид за пуч и за насилна промена на претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија и раководството на ССМ, што е историски скандал од невидени размери, спротивно на основните демократски вредности и темелните меѓународни стандарди за автономност во синдикалното дејствување. Незаконското и кривичното поткопување на органите во ССМ беше спроведено со користење фалсификувана и некомплетна документација – рече Митревски.

Нјавата за кривична пријава од претседателот на Сојузот на синдикати Живко Митревски, е основно непознавање на синдикалните акти, вели министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски.

– Ја информираме јавноста дека ниту министерот ниту претставници од министерството имаат право да присуствуваат, ниту пак присуствувале на седници на Советот на ССМ и притоа да учествуваат или влијаат на носењето на одлуки кои се во исклучива надлежност на синдикатите. Истиот Живко Митревски нека се присети на 2010 година кога во иста постапка го промени тогашниот прв синдикалец Ванчо Муратовски и наместо со решение од министерот, неговиот упис во Централен регистар е спроведен со заклучок како несоодветен правен акт во постапка за упис на одговорно лице – вели Ременски.

Според Ременски, сето ова зборува за очајниот обид за партиска мобилизација на сите одговорни лица од кои во иднина ќе се побара одговорност за финансиското работење, начинот на застапување на правата на работниците во Република Македонија и целокупното партизирање и рушење на концептот на синдикално организирање.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com