Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеЖителите од „Мало Курило“ се жалат, сметот и понатаму најголем проблем!

Жителите од „Мало Курило“ се жалат, сметот и понатаму најголем проблем!

Жителите од центарската населба “Мало Курило“ на Водно, имаат голем проблем. Тие денеска се жалеа на шутот, ѓубрето и наносите во каналот кои никој не доаѓа да ги истички, а имаат и дефект на електричната мрежа.

Vodno-30.11-8-640x320

 

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, заедно со соработниците, вчера беше во обиколка на оваа населба и улицата за да разговара со граѓаните, да ги чуе нивните проблеми и заедно да подигнат решенија за проблемите во „Мало Курило“.

Vodno-30.11-3

Денеска службитe на општината го подигнаа сметот од каналот, се санираше дефектот во електричната мрежа и ќе се постави дополнително улично осветлување. Поради положбата на улицата „Загребска“ и константната опасност од излизгување на пешаците, ќе се постави ограда за придржување на улицата.

Vodno-30.11-2Жителите на улицата “Партенија Зографски“ ќе бидат заштитени од узурпација на нивните дворни места и пристапни делови до куќите, со поставување на столбчиња, кои ќе имаат за цел да го спречат паркирањето на возилата од околниот угостителски објект.

Vodno-30.11-1