Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЖителите на охридски „Беј-Бунар“ влегоа во 21-иот век

Жителите на охридски „Беј-Бунар“ влегоа во 21-иот век

По пишувањата на „Позитив.мк“ за секојдневните патешествија на жителите на охридската населба „Беј Бунар“ која се наоѓа во т.н Болнички комплекс во Охрид, локалната власт одлучи да си ги исполни верувањата и да им овозможи овие граѓани да влезат во 21виот век исто како и останатите од централното охридско подрачје.1охирд2-2Асфалтирањето на улицата беше неопходна и добродојдена промена за овие луѓе. Свеченото отворање на 250те метри асфалтирана улица, кое се оддржи пред безмалку два месеца, нема да беше комплетно доколку не беше присутен и Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески кој во таа прилика се присети на проблемите за кои граѓаните беа јасни, а медиумите гласни.

1охирд6

– Други ветуваа, ние исполнуваме . На мое лично задоволство денеска ја ставaме во употреба ново асфалтираната улица „Сирма Војвода“. За некого мал но за жителите од овој дел на Охрид е еден од најголемите проекти затоа што е од круцијално значење за нивното нормално секојдневно функционирање. Реализацијата на овој проект значи крај на долгогодишните маки на жителите кои во лето газеа прав а во зима кал.
Асфалтирани се 250 метри на улицата и ширина 6 метри односно површина од 1500 метри квадратни. Sirma_Vojvoda_reasfaltiranje_4852По претходно тампонирање и чистење на теренот се постави висококвалитетен асфалт со дебелина од 7 сантиметри. Поставени се 308 м2 бехатон плочки и 246 метри парковски рабници во должина од околу 250 метри а максималната негова ширина е околу 1,5 метри во зависнот од природата и карактеристиките на теренот. Во текот на измината календарска година на овој потег од градот РЕ Водовод Охрид работеше на поставување на нова водоводна линија за жителите што живеат на овој дел од градот , посочи Бакрачески во таа пригода, а најави и дека жителите од овој дел за прв пат ќе добијат и Јавно осветлување.

Два месеци подоцна сеуште не е отпочнато поставувањето на Јавното осветлување. Ниту е асфалтиран дополнителниот дел кој остана неаслфалтиран. Иако при свеченото пуштање во употреба овој рок беше посочен за отпочнување на работите.

1охирд1-1

-Се надевам дека за не повеќе од два месеци ќе биде поставено комплетно ново осветлување на улицата која досега никогаш не беше осветлена. Во зависност од финансиските можности наредниов период ќе работиме на создавање услови за асфалтирање и на споредните улички и со тоа комплетно да ги задоволиме барањата на граѓаните од овој дел на Охрид – рече градоначалникот Бакрачески.

Во меѓувреме тешката финансиска ситуација на општината не е пречка за најавата на новите проекти кои треба да бидат изградени оваа година. Бакрачевски најавува изградба на нова марина, две катни гаражи, пешачка патека од пристаниште до Канео, Конгресен центар, како и нов објект за Домот на култура. Заедно со претходно потпишаните инвестиции за градба на покриен базен и покриен зелен пазар, нова современа авотбуска станица, како и Дом за стари лица.

Sirma_Vojvoda_reasfaltiranje_4853


„Позитив“, Охрид – Н.С