HomeДЕНЕШНАСкопјеЖителите на Карпош собраа потписи – Во одбрана на зеленилото, да се запре изградбата на плоштад

Жителите на Карпош собраа потписи – Во одбрана на зеленилото, да се запре изградбата на плоштад

Жителите од скопската населба Карпош 4 собраа потписи против изградбата на плоштад на местото на сегашното зеленило – пишува Фокус. Заедно со списокот, до Општина Карпош доставија и барање да се поништи одлуката за изградба на плоштадот.

„Сметаме дека изградбата на овој плоштад сериозно ќе ги наруши правата на жителите загарантирани со Уставот (член 43) и начелата загарантирани со член 4 став 2 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, според кој, меѓудругото, се предвидува рационално уредување и користење на просторот, услови за хумано живеење и работа на граѓаните. Бараме Општината, чија должност и обврска е да ги заштитува нашите граѓански права, да има слух за желбите и интересите на жителите и да ја поништи одлуката за изградба на непосакуваниот плоштад. На ваков начин сметаме дека ќе се спречи и непродуктивно трошење на средства, спротивно на интересот на жителите“ – стои во барањето на жителите на Карпош 4.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com