Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеЖителите на Дебар Маало против промените во ДУП

Жителите на Дебар Маало против промените во ДУП

Жителите на Дебар Маало повторно побараа од општина Центар да го промени донесениот Детален урбанистички план со кој се предвидени повеќе градби кои ќе им го нарушат просторот за живеење со нови високи згради, изградба на трговски центри и паркинзи.

centar

– Дебар Маало, најстарото урбано градско јадро, се претвора во субстандардна населба, каде вредноста на имотот веќе паѓа. Градоначалникот на општина Центар потпишаа меморандум со нашата иницијатива, прифаќајќи ги иницијалните забелешки и вети исполнување на барањата за поквалитетен живот. Но, динамика за остварување се уште нема, општината продолжува со својата пасивност и недостаток на политичка волја – изјавија од иницијативата „Во одбрана на Дебар Маало“ и апелираа Жерновски да ја врати процедурата за спорниот детален урбанистички план во стадиум на планска програма.