Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЖителите на Богомила плаќаат за вода полна со бактерии

Жителите на Богомила плаќаат за вода полна со бактерии

Ешерихија коли, фекалии и најразлични бактерии во водата во селото Богомила. Жителите на едно од најубавите села во Македонија плаќаат за бактериолошки неисправна вода – пренесува 24 Вести. Од 2013 година, микробиолошките испитувања од центарот за јавно здравје покажуваат висока загаденост на водата и присуство на опасната бактерија ешерихија коли. Во нивните извештаи не се препорачува водата да се користи ниту за готвење и капење.

Жителите со години се обидуваат да си го решат проблемот, велат постојано добиваат ветувања од надлежните, но се уште нема решение. Со години се изложени на бактерии кои претставуваат огромен ризик за нивното здравје. Водоводното претпријатие веќе 3 години не презема ништо, иако во извештаите на центарот за јавно здравје се бара санација и воспоставување на редовна дезинфекција. Жителите ќе ја бараат правдата на суд.
bogomila 1 nov
Законски, по добивање на резултатите, надлежните имаат рок од 24 часа да постават сигнализација дека водата не е исправна, а за 48 часа се должни да донесат чиста вода за пиење. Во Богомила нема никаква сигнализација дека водата е бактериолошки неисправна. Освен што е загрозено здравјето на жителите, загаденоста претставува опасност и за целокупниот биодиверзитет на ова место. Жителите на Богомила сега очекуваат судот да донесе пресуда во нивна корист и конечно да заврши долгогодишната борба за чиста вода за пиење.