Saturday, Jul 22, 2017
HomeДЕНЕШНАРегионЖесток протест во Атина: полицијата се судри со демонстрантите

Жесток протест во Атина: полицијата се судри со демонстрантите

atina

Во Атина денеска се протестираше против реформите во системот за социјално осигурување при што избија судири помеѓу полицијата и демонстрантите. Засега нема извештаи за повредени. Пред грчкиот парламент се собраа околу 2.000 лица, кои се обидоа да го пробијат кордонот и да тргнат кон зградата на владата.

atina1Реформите на системот за социјално осигурување се дел од програмата што грчката влада ја прифати за да добие нова транша помош од меѓународните кредитори и истите подразбираат дека вработените сега ќе плаќаат поголеми продонеси за осигурување отколку досега. Актуелната влада тврди дека ова решение е подобро отколку да се намалат пензиите. Спроведувањето на таквите реформи сепак, би можело да доведе до намалување на платите во многу сектори.