HomeДЕНЕШНАСкопјеЖерновски со одлука: Дивоградбата на Владимир Панчевски во центар ќе се руши

Жерновски со одлука: Дивоградбата на Владимир Панчевски во центар ќе се руши

zgrada-nelegalna-centar

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски и официјално го потпиша барањето за присилно и административно спроведување на управните акти за уривање на доградбата во строгиот центар на градот на улица „Никола Вапцаров“ бр. 6.

Во дописот до медиумите од општината велат дека процедурата е почната и ги отфрлија обвинувањата дека се работи за политичка хајка како што обвинуваше сопственикот Владимир Панчевски туку дека се работи за почитување на основните принципи за градба. Фирмата која го доби ова извршување, треба да го спроведе уривањето, а раководителот на секторот за инспекциски работи, Кочо Стојчески, веќе посочи дека ќе се побара асистенција на полиција за уривање на дивоградбата. Работата на проектот кој се изведува незаконски е стопирана, а жалба на тоа поднесе еден од инвеститорите, Стојан Панчевски стои во соопштението.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com