Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеЖерновски на „Тур де Париз“

Жерновски на „Тур де Париз“

Центарскиот Градоначалник, Жерновски, во текот на вчерашниот дел остварил средба со заменик-градоначалникот на Париз, Кристоф Најдовски, инаку французин со македонско потекло, во француската престолнина.
Теми на разговор биле актуелните проблеми кои ги имаат граѓаните на Париз и Скопје, особено во сферата на заштитата на природната околина. Домаќинот го запознал Жерновски со неговиот проект „Париз 2020“, со кој е проектирање зголемување на зеленилото во главниот град на Франција и интеграција на јавниот превоз и велосипедите во сообраќајот.

Средбата завршила со договор за соработка помеѓу Париз и Општина Центар на повеќе полиња меѓу кои и на експертско ниво.
Најдовски им дал кураж на проектите на Жерновски како „Цел Центар на точак и „Зона 30“, посочувајќи ги како битни за зачувување на околината и зголемување на безбедноста на граѓаните.
Инаку, додека Жерновски шета низ Париз, надлежните служби започнаа со расчистување на теренот за изградбата на ултра модерното училиште кое тој го најави изминатата недела.


Н.С