Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеЖерновски како одговор на сечата на дрвја најави нови 90 садници

Жерновски како одговор на сечата на дрвја најави нови 90 садници

Како одговор на сечата на 47 дрвја во универзитетскиот кампус на УКИМ, градоначалникот на Центар Андреј Жерновски заедно со општинските власти одлучиле да засадат 90 нови дрвја, соопшти Тој на неговиот профил на социјалните мрежи.

Жерновски упати остри критики кон власта поради сечата на дрвјата и унаказувањето на зеленилот кај факултетите:

„Они сечат, НИЕ САДИМЕ
Сечата на 47 дрва во автономниот кампус на УКИМ, во 2 часот по полноќ, без одлука на сенатот на универзитетот и против јасната волја на студентите, е врвот на едно самоволие.
Ме интересира, со кој боксерски удар паѓаат речиси 50 дрва за една ноќ? Може ли тој, со својот уличен речник, да објасни како е ова оправдано?
Додека „неговиот народ“ е длабоко загрижен за сосотојбата со загадувањето, додека во Македонија умираат по 1000 луѓе годишно заради лошиот квалитет на воздухот, тој реши да исече 47 дрва за да направи барокен факултет за иноформатички науки! Во сабота, додека сите граѓани мора да се на работа за да го одработат, каква ли иронија, „Денот на дрвото“!
Не е ни чудо што тој се исмева со новите “паркчиња“ во Центар. За него, зеленилото нема значење, нема пари таму.
Не разбира дека во градовите, секоја педа зеленило е важна. Дека во градовите „малите паркчиња“ се всушност од големо значење. Затоа ние ќе продолжиме со разеленување и со правењето на нови паркчиња. Денес и утре садиме 90 нови дрва и 2800 грмушки на новото плоштатче на “Партизанска”, како и во паркот кај Градскиот Sид, позади “Домот на градежниците”. Ситница за него, но не и за нашите граѓани.“ – се вели во објавата на Жерновски.

Инаку, токму општината Центар беше на прво место според бројот на уништени дрвја и зеленило. Во изминативе години неколкупати имаше иницијативи за подобрување на тажната слика, обиди кои повеќе или помалку беа успешни.


Н.С