HomeДЕНЕШНАПолитикаЖерновски: Има ли поголем срам од тоа да си претседател на суд и да градиш на диво

Жерновски: Има ли поголем срам од тоа да си претседател на суд и да градиш на диво

ernovski-735x400

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, реагираше на изјавата на претседателот на Основен суд Скопје 1, Владимир Панчевски, кој кажа дека планира на еден од столбовите на неговата градба во Центар, за кој овластениот инспектор констатираше дека има изградено два спрата без дозвола, да постави плоча на срамот за, како што рече, идните генерации да се потсетуваат на градоначалникот кој бил елементарна непогода.

На ова Жерновски одговори дека нема поголем срам од тоа да си претседател на суд и да градиш на диво.

„Жално и смешно, истовремено. Има ли поголем срам од тоа да си претседател на суд и да градиш на диво. Не верувам дека во било која друга држава има сличен пример. За такво нешто не мора плоча. Ќе памети Македонија и без тоа, бидејќи вакви преседани не се забораваат“ – напиша Жерновски.

Oпштина Центар поднесе кривична пријава за Владимир Панчевски и уште двајца инвеститори, поради дивоградбата во центарот на Скопје.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com