Tuesday, May 30, 2017
HomeДЕНЕШНАСкопје„Женско претприемништво – Перспективи“ како клучна алатка за бизнис – политиката во Македонија

„Женско претприемништво – Перспективи“ како клучна алатка за бизнис – политиката во Македонија

Во организација на Здружението на бизнис жени во Македонија денес ќе се одржи конференција поврзана со перспективите во женското претприемништво. Овој собир, како дел од проектот  „Женско претприемништво – мотор за создавање на работни места во Југоисточна Европа” има за цел да го промовира овој вид на претприемништво низ призма на различни активности како во приватниот така и во јавниот сектор.

Како дел од конференцијата ќе бидат претставници од Здружението на бизнис жени, министерствата за економија и за труд и социјална политика, Сојузот на стопански комори и други организации.