Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЖените од Шуто Оризари се уште без матичен гинеколог

Жените од Шуто Оризари се уште без матичен гинеколог

Жените од Шуто Оризари денес со потсетување до министерот за здравство Никола Тодоров дека во ниваната населба се уште немаат матичен гинеколог. Се прашуваат како ќе се исполнат мерките со кои   треба да добијат песплатен преглед без разлика дали имаат осигурување или не. Пред два месеца беше распишан оглас за гинеколози кој би примале субвенции од 250 евра доколку би работеле во оваа населба. Во меѓувреме населбата е посетена три пати неделно од лекарите , за што жените од Шуто Оризари се изјаснуваат дека не е доволно.

shutka_ginekolozi

Од министерството за здраство јавуваат дека Тодоров си ги исполнил своите ветувања и дека не е виновен што никој не се јавува за огласот. Беше јасно потенцирано од страна на миснистерот дека не може со сигурност да потврди дека некој лекар – гинеколог ќе се јави за огласот. Но , субвенциите ќе бидат дадени и огласот ќе се објавува се додека не се јави некој заинтересиран. Реагираат од мнистерството.

Во меѓувреме жените се пожалија дека за прегледите им се наплаќа и дека состојбата во амбулантата е многу лоша.

Шуто Оризари важи за општина со најголем наталитет со 8 илјади жени во репродуктивен период.