Thursday, Mar 28, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноЖени еве како да ги исполните неговите сексуални фантазии

Жени еве како да ги исполните неговите сексуални фантазии

Жените знаат како да управуваат со мажите. Малку заводливост и сензуалност за тој вечерва да биде заведен од вас!

large (15)

Жешка најава

Додека е на работа или излезен со другарите, испратете му кратка порака која јасно ќе му даде до знаење што имате на себе и ќе му ја поттикне фантазијата. Ќе посака да може да летне за што побрзо да дојде до вас.

Неговите омилени работи

Сè она што го сака имајте го на себе. Било да е љубител на тесни хеланки, секси долна облека, тенко фустанче и слично. Ставете се во позиција како да сте подготвени да му ги исполните сите желби и да бидете неговата омилена.

Замена на улогите

Ако ве знае како тивка, мирна и повлечена девојка, пречекајте го дома како палава, непослушна и темпераментна дива. Или обратно, доколку сте слободна и темпераментна, станете слатка и заводлива. Истакнете го вашето алтер его и започнете ја играта!

Опоен мирис

Нанесете лосион за тело кој ќе направи да посака никогаш да не се одлепи од вас. Искористете го парфемот кој нему му е омилен, истакнувајќи ја вашата женствена и заводлива страна.

Подарете му го вашето внимание

Без разлика колку долго се заедно, партнерите секогаш треба да си посветуваат време. Резервирајте време само за него и посветете му се, но не како роб, туку како вљубена жена. Направете му го омилениот оброк (нели љубовта доаѓа преку стомакот), кажете му ги работите кои сака да ги чуе, направете да се чувствува удобно и сакано.

large (14)

Храна за подигнување на либидото

Одредена храна влијае на машкото либидо, бидејќи содржи состојки кои придонесуваат за лачење на машки хормони. Некогаш станува збор за храна за која ни на крај памет не ви е дека би можела да биде поврзана со либидото. Храна која го поттикнува неговото либидо: авокадо, морска храна (лосос и школки), чоколадо, јајца, банани, ананас, ореви…

Бидете самоуверена

Самоуверената жена е привлечна и посакувана зашто самодовербата е убавина. Играјте смело, движете се хипнотизирачки, секој ваш потег нека ја истакнува вашата сензуалност и самоувереност.

large

Заведете го со очите

Не е сè во секси облеката и вашите облини. Колку и да ги дефинираме мажите како плитки, тие сепак се хипнотизирани од женскиот поглед. Нанесете ја вашата омилена маскара и упатувајте смели и заводнички погледи.

Кажете му ги вашите желби

Жената која знае што сака, кога сака и не се плаши да му го каже тоа в лице, е вистински хипнотизирачки магнет. Мажите се визуелисти, зборовите лесно им ја поттикнуваат фантазијата, па затоа заведувањето е лесна задача за жената.