Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЖени чистеа споменик и во Битола, ќе се прави ли чистка насекаде

Жени чистеа споменик и во Битола, ќе се прави ли чистка насекаде

Денес повторно имаше акција на чистење на споменици, овој пат во Битола каде група на жени се обидоа да го исчистат споменикот на Филип Втори како одговор на вчерашната акција во Скопје пред Триумфалната порта која заврши без успех бидејќи со вода и обичен детергент бојата не може да се избрише од мермерот без да се нанесе поголема штета.

Жените тврдат дека се собрани самоиницијативно и без никаква организација иако има наводи дека дел од нив се од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, па самата чистка на споменици која може да прерасне во секојдневна акција и не е баш „спонтана“.