Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноЖена заврши во болница поради премногу тесни фармерки

Жена заврши во болница поради премногу тесни фармерки

Девојки, внимавајте! Тесните фармерки можат да ви ги ослабнат мускулите на нозете. 35-годишна Австралијка завршила хоспитализирана во болница откако носењето на тесни фармерки предизвикало отекување и оштетување на нервите во долниот дел на нозете.

Жената носела тесни фармерки додека ѝ помагала на своја блиска роднина да се пресели. Таа го поминала цел ден во клекнување и чучнување, празнејќи картонски кутии. Кога се вратила дома, почуствувала дека мускулите на нозете  ѝ попуштаат, се сопнала и паднала. Неможејќи да стане, жената со часови лежела на подот, се додека не собрала сила да се јави на телефон и да повика лекарска помош. Докторите биле принудени да ѝ ги исечат фармерките за да ги извадат.

Од болницата изјавиле дека причината за овој екстремен случај бил притисокот од тесните фармерки на задниот дел од ногата кој бил предизвикан од свиткување на колената. Така, дошло до прекин на протокот на крв во листовите на нозете, со што тие драстично отекле.

Затоа, размислете два пати пред секоја активност дали навистина е потребно да облечете тесни фармерки.