Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЖена во Радовиш сексуално нападната среде бел ден

Жена во Радовиш сексуално нападната среде бел ден

Четириесет и две годишна радовишанка била сексуално нападната среде бел ден. Вчера наутро околу 09,30 часот во Полициската Станица во Радовиш таа пријавила дека движејќи се по улица „8 Септември“ непознато лице физички ја нападнало и извршило полово дејствие над неа.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.