Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЖена парк слободен за движење – се распушти контра-кампот

Жена парк слободен за движење – се распушти контра-кампот

Граѓаните повтроно ќе можат слободно да се движат низ жена парк. Денеска е затворен и контра-кампот на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ и на премиерот Никола Груевски, подигнат еден ден по отворањето на кампот на слободата пред Владата од страна на опозицијата и граѓанските активисти. Кога лидерите на политичките партии постигнаа договор, кампот пред Владата се распушти, а кампот пред Собрание остана да ја „брани демократијата“. Денеска сфатиле дека се задоволни од постигнатиот политички договор и решиле да го растурат кампот.