Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЖена и 9-годишно девојче повредени од заскитан куршум

Жена и 9-годишно девојче повредени од заскитан куршум

Деветгодишно девојче од скопско Брњарци е хоспитализирано откако било погодено од заскитан куршум додека си играло во својот двор. Како што соопшти полицијата, девојчето било донесено во ГОБ „Св.Наум Охридски“-Скопје околу 16 часот, со прострелна рана во пределот на рамото.

Настанот се случил додека девојчето играло во дворот на семејната куќа. По извршената интервенција зрното било извадено, а лицето задржано за понатамошно лекување.

Во петок вечер, во струшкото село Лабуништа, во дворот од семејната куќа С.А., откако слушнала звук, најверојатно од истрел од огнено оружје, се пожалила на болка во главата бидејќи нешто силно ја удрило. Кога истата се допрела забележала крв, а кога станала од столот на кој што седела, од нејзе паднал и проектилот со кој што била погодена.
Неа и е укажана лекарска помош во МЦ-Струга, каде се констатирани телесни повреди, по што е пуштена на домашно лекување.