HomeДЕНЕШНАПолитикаЖдрепката одреди како ќе изгледа гласачкото ливче, први ВМРО-ДПМНЕ, единаесети Левица

Ждрепката одреди како ќе изгледа гласачкото ливче, први ВМРО-ДПМНЕ, единаесети Левица

izbiracko-livce

Во ждрепката која ја одржа Државната изборна комисија беа одредени позициите кои партиите и коалициите ги добија за редоследот на гласачкото ливче за предвремените парламентарни избори.

ВМРО-ДПМНЕ ќе биде прва, ДПА втора, ДУИ трета и СДСМ четврта на избирачкото ливче.
Натаму на петто место следува коалицијата „За промени и правда“ (Демократски сојуз, ФРОДЕМ, МОРО – РП и ДЕМОС), на шесто е ПДП, седмото место е за „Алијансата за Албанците“, на осмо место е ЛП, на деветто коалицијата „ВМРО за Македонија“ (ВМРО-НП, Обединети за Македонија и Достоинство), на десеттото место е Движењето БЕСА и на единаесетттото место е партијата „Левица“.
На изборите на 11 декември ќе настапат 5 коалиции и 6 поединечни партии.
Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com