HomeUncategorizedЖбогар очекува одговорно информирање на медиумите за кредибилни избори

Жбогар очекува одговорно информирање на медиумите за кредибилни избори

Евроамбасадорот Жбогар при предавање на опремата за мониторинг на електронските медиуми во АВМУ посочи дека јавните гласила мора да одговорно да информираат со цел да се одржат кредибилни избори со кои ќе се надмине политичката криза во Македонија.

„Оваа криза им нанесе сериозен удар не само на политичкиот систем, туку и на самите темели на владеењето на правото и демократскиот поредок и ја парализира земјата веќе предолго. Оптимист сум и би сакал да заклучам дека навистина верувам дека со силна политичка заложба и напори од сите релевантни фактори, граѓанското општество и граѓаните проблемите ќе се разрешат и кризата ќе заврши“, рече Жбогар.

Со опремата вредна близу 840 илјади евра, најголем дел донација од ЕУ, ќе се врши 24 часовен мониторинг на радио и телевизиите на кои АВМУ им има издадено дозвола. Директорот на Агенцијата Зоран Трајчевски и денеска призна дека врз него и колегите се врши притисок, главно поради оценката за работата на медиумите пред изборите.

„Агенцијата секогаш работела професионално, непристрасно и принципиелно, а така ќе работи и во иднина, без оглед на притисокот што се врши и врз регулаторот и врз вработените. Истото го очекуваме и од медиумите, нивна обврска е објективно и непристрасно да ја информираат својата публика“, изјави Трајчевски.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com